562
Министерот за здравство, Венко Филипче во вечерашното интервју на телевизија Телма рече дека многу е важно порастот на пациентите со корона вирус да биде линеарен.
-Во фаза сме кога секојдневно имаме сличен број на дијагностицирани. Линеарниот пораст е нешто што секоја земја сака да го постигне. Тоа значи да не се случи болничките установи да не можат тоа да го издржат. Такво сценарио се случи во северна Италија. Тоа беше сериозно претотоварување на болниците со пациенти кои се за на интензивна нега, рече Филипче.