600
Корона вирусот најверојатно ќе заврши со некоја форма на колективен имунитет, во моментот се собираат повеќе податоци, се работи на вакцина, а дотогаш ќе биде присутен. Ќе се јавуваат бранови на пациенти, но битно е растот на нови случаи да биде контролиран, за да може здравствениот систем соодветно да ги згрижи сите пациенти, објави на ФБ министерот за здравство Венко Филипче.
Тој посочува дека граѓаните треба да се грижат и за своето ментално здравје за време на кризата со Ковид-19.
– Да разликуваме митови од факти – ова е особено важно во време на криза. Да споделуваме точни информаци, за ефикасна заштита од Ковид-19 да се информираме од веродостојни извори, напиша министерот Филипче на својот Фејсбук профил.