564
Министерот за здравство, Венко Филипче упати критики кон лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, истакнувајќи дека се смешни обвинувањата од негова страна.
„Многу смешни се обвинувањата на Мицкоски. Да креира приказни каде нема место за тоа, е недостаток на политичка идеја што да се прави. 11 години не е помрднато во здравството додека Владата каде што беше Мицкоски “одговараше” за своите постапки. Не ги критикувајте политиките кои носат добро за државата, наместо да критикувате, добредојдени сте со идеи. Ама тие, изгледа, ги немате. Се занимавате со вашите замислени фронтови коишто, ама баш ништо добро не прават за никого. Следете го процесот за стерилизација, за разлика од вас, ние ништо не криеме“, истакна Филипче.