Филипче: Комисијата не е надлежна да кажува датум за избори, туку да изработи протокол

by Frosina Fakova

Комисијата за заразни болести не е надлежна да кажува кога треба да се одржат изборите, туку само да изработи здравствен протокол во однос на нивната имплементација, вели министерот за здравство Венко Филипче.

Тој на прес-конференција истакна дека претседателот на државата, Стево Пендаровски побарал од Комисијата да го изработи здравствениот протокол, која веќе го има завршено. Лидерите на партиите, како што рече, се тие кои треба да одлучат за датумот на нивното спроведување.

–Она што се побара од нас беше само да се изработат некои здравствени аспекти во смисла на имплементација на протоколи, меѓутоа има и многу други аспекти на изборите како правните, економските импликации, нешто што во смисла на демократските процеси во земјата е на лидерите да одлучат кога треба да се случат. Во таа смисла ние нашата работа ја завршивме, рече Филипче во одговор на прашање.

 

Поврзани новости