504
Министерот за здравство Венко Филипче во вечерашното онлајн гостување на ТВ 24 рече дека е неблагодарно сега да се прогнозира кога и дали би се отвориле училиштата.
-Неблагодарно е сега да дадеме прогноза кога мерките ќе се опуштат. Најверојатно тоа ќе се случи некаде во мај, кога и како, како и дали ќе се организираат училиштата оставаме на епидемиолозите од Комисијата на заразени болести. Само врз основа на тоа ќе ги носиме сите мерки, рече Филипче.