Филипче: Ќе знаеме за кратко кога точно ќе пристигнат вакцините во нашата земја

by Fokus

Најголем дел од земјите од Балканот веќе почнаа со вакцинација на населението против корона вирусот, а Македонија се уште го чека точниот датум за пристигнување на вакцините.

Како што истакна министерот за здравство, Венко Филипче, наскоро ќе биде познато кога точно ќе добиеме вакцини од компанијата „Синофарм“.

„Овие денови интензивно разговараме за транспортот на вакцините. Ќе знаеме за кратко кога ќе пристигнат во нашата земја. Волјата за вакцинација ќе се изрази преку регистрација на сајтот, кој ќе биде активен од утре. Не сакаме да избрзаме, овој систем добро функционира“, истакна Филипче.

.

Поврзани новости