Министерот за здравство, Венко Филипче во вечерашното интервју за емисијата 360 степени рече дека рестрикција на движењето е последна мерка, до која се надева дека нема да дојде.
-Ние во текот на летото направивме план за рестрикции кои може да важат за градови, општини. Сега воведовме рестрикции на ниво на држава. Сега сметаме дека е време за мерки кои ќе значат носење маска на отворено и забрана за групирање. Следните мерки се ограничување на јавниот превоз, потоа скратување на работно време на угостителските објекти , а како последна мерка е рестрикција на движењето. Ако ги почитуваме сегашните мерки, нема да има потреба да дојде до ова. Апсолутно е можно да се смени начинот на работата на училиштата и градиниките. Но, засега нема потреба за такво нешто, вели Филипче.