788
Министерот за здравство, Венко Филипче ќе се вакцинира кога во земјава ќе стигне втората пратка вакцини, објави порталот 360 степени.
-Министерот за здравство Венко Филипче ќе се вакцинира кога во земјава ќе пристигне втората пратка вакцини. Министерот остава предност на неговите колеги кои се изложени на голем ризик во ковид – центрите низ државата, изјавиле од Кабинетот на Филипче.
Во среда во земјава почнува имунизацијата од ковид-19, а првите вакцини ќе бидат наменети за медицинскиот персонал на Инфективната клиника.