Нема драстично зголемување на цените во аптеките, истакна денеска министерот за здравство, Венко Филипче.
Тој денеска информираше за состојбата со корона вирусот во Македонија и додаде дека нема нов случај на заразен пациент.
„Единствениот заразен пациент со корона вирус е во добра состојба и е трет ден без темератури. После тоа, почнува раната фаза на опоравување. Досега нема нови пациенти кои се јавиле за евентуално присуство на корона вирусот. Државата има доволни количини на средства за заштита за овој вирус. Двајца доктори од нашата земја биле на конгерс во Мадрид, а еден од предавачите бил позитивен на корона вирус и тие ќе бидат подложни на тестови. Ако ситуацијата остане иста, ако нема нови симптоми, нема да се продолжи таа мерка на одложување на настаните во државава. Будно ја следиме ситуацијата и во овој момент нема простор за порадикални мерки. Таму каде што сме биле, нема драстично зголемување на цените во аптеките“, истакна Филипче.