Филипче: Ќе предложиме заострување на казните за тешките дела во сообраќајот

by Fokus

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска изјави дека смета оти е добро што ќе има јавна расправа во Собранието за законски измени за зајакнување на безбедноста во сообраќајот, напоменувајќи дека тие како партија деновиве веќе работеле на одредени предлог законски решенија, од кои едното се однесува на одземање на возилото, меѓу другото како една од мерките во потешките случаи.

Филипче денеска по положувањето цвеќе во црквата „Свети Спас“ по повод 153-годишнината од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев одговарајќи на новинарско прашање дали смета дека ја постигнале целта кога како власт во 2021 година ги намалиле казните за безбедност во сообраќајот истакна дека смета дека е добро што во Собранието ќе има јавна расправа за темата и оти секој немил настан треба да биде поттик за подобрување на системот.

– Сметам дека е добро што ќе има јавна расправа во Собранието ние како партија во текот на изминативе денови подготвивме неколку предлог законски решенија и ќе ги презентираме на таа јавна расправа. Имаме два конкретни предлога како партија. Прво да има присутен полицаец пред и во секое училиште за време на одвивање на наставата и тој полицаец би се грижел за безбедноста на влезот во училиштето и на пешачките премини и секако за безбедноста на училиштето, гледајќи што се случува со некои инциденти во регионот. И вториот предлог ќе биде сериозно заострување на казните за најтешките прекршоци во сообраќајот, кои што дури ќе вклучуваат и одземање на возилото по примерот на некои европски земји – изјави лидерот на СДСМ.

Поврзани новости