1K
За очекување се ваквите бројки на заболени од корона вирусот и секаде во светот е ваква ситуацијата со пандемијата.
Ова го истакна министерот за здравство, Венко Филипче кој истакна дека се подготвува нов сет на мерки за спречување на вирусот.
„Очекуваме да стапи на сила носењето на маски на отворено. Утрово разговаравме и за дополнителен мерки. Во понеделник ќе предложиме ограничување на капацитетот на луѓе во јавниот превоз, целосна забрана за секакви настани. Со тоа ќе се намали бројот на заразени од корона вирусот“, смета Филипче.