1K
Кафеаните, кафичите и сите останати угостителски објекти да работат до 21 часот. Оваа мерка Комисијата за зразни болести планира да ја предложи до Владата, а во насока за заштита од Ковид-19.
-Ќе предложиме угостителските објекти да работат до 21 часот, ни одговори министерот Венко Филипче, на прашањето дали е точно дека Владата размислува за носење на ваква мерка.
Овој предлог најверојатно уште утре ќе се најде на владина седница, а како што неофицијално дознаваме, преовладува мислењето дека истата треба да се усвои.
В.В.