Филипче ќе одржува прес-конференции од својот дом каде што е во самоизолација

by Fokus

Од министерството за здравство информираат дека во моментов се работи на прилагодување на досегашниот формат на прес-конференциите од Владата преку зум платформата од домот на министерот Венко Филипче.

„Со цел веќе од утре да продолжи комуникацијата со медиумите и јавноста како и досега. Доколку во текот на следните часови се прилагоди системот, министерот Филипче ќе одржи стандардна прес-конференција од својот дом. Доколку не се реализира техничка можност, тој за состојбата во врска со коронавирусот во земјата ќе информира преку видео обраќање од својот дом, кое ќе го доставиме до сите медиуми и ќе го поставиме на официјалната ФБ страница на министерот – информираа од министерството.

 

Поврзани новости