660
По големиот број на случаи со пациенти кои криеле дека имале контакт со лице кое е позитивно, а некои од нив давале и лажни податоци, министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција порача дека ќе инсистира овие пациенти да се казнуваат.
Филипче рече дека многу пациенти со ваквите постапки го загрозуваат здравјето на здравствените работници, кои сега се најпотребни, но го загрозуваат и општото здравје.
Тој потсети дека и во првиот случај кој се појави во Македонија, жената која прва беше заразена со вирусот Ковид-19, а дојде во Дебар од Италија криела дека има симптоми.
Последните случаи со криење на контактите беа родилките кои беа примени во гинеколошката клиника и во болницата во Чаир.