963
Во моментов во државава на располагање има 300.000 вакцини, рече министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.
-Околу 9 проценти од смртните случаи се вакцинирани, но тоа се пациенти кои имаа тешка состојба и со сериозни коморбитети – посочи Филипче, додавајќи дека никој во светот не кажал дека вакцината целосно штити од вирусот.
Според него, трендот на вакцинирање во нашата земја се одвива со добра динамика.
-Сите испитувања одат во насока дека трета доза ќе биде потребна, но чекаме тие наоди да ги официјализираме – рече министерот за здравство.