Филипче ќе бара од партиите: Луѓето на митинзите да носат маски!

by Fokus

На митинзите кои ги организираат партиите во пресрет на локалните избори, најголем дел од луѓето не носат маски и не се држи дистанца. Запрашан за ова, Филипче порача дека ќе разговара со партиите околу оваа ситуација, која може да претставува проблем во иднина.

„На митинзите добро е граѓаните да носат маски. Без разлика на тоа што нема официјална препорака. Јас ќе препорачам до сите партии, иако нема протоколи на отворен простор. Мора да го сочуваме здравјето на граѓаните“, рече Филипче.

Поврзани новости