Филипче: Кај заразените со британскиот сој има драстично влошување на 12, 13 или 14-от ден

by fokus

Министерот за здравство Венко Филипче, на денешната прес конференција, истакна дека новиот сој на корона вирусот остава посериозни последици кај заразените, поради што и се лекуваат подолго.

-Хоспитализацијата сега трае подолго, претходно по 14-от ден се сметаше дека пациентот е излечен, а сега се случува 12, 13, 14 ден влошување, на една форма која ретко се гледа, со драстично влошување на сликата на белите дробови и крвната слика, која за жал завршува со фатален исход, истакна Филипче, кој додаде дека бројките на заразени растат во Куманово Битола, Кичево и Тетово.

Затоа, како што рече, сметаат дека празниците кои доаѓаат дополнително можат да ја влошат ситуацијата, и затоа се овие рестриктивни мерки. Односно од утре полицискиот час ќе започне во 20 часот и ќе трае до 5 часот наутро, а од среда се затвораат сите угостителски објекти, теретани…

Поврзани новости