Премиерот Зоран Заев беше моторот на промените во здравството и човекот кој ги разбра и поддржа најзначајните здравствени реформи спроведени изминатите четири години, се огласи министерот за здравство, Венко Филипче по доставената оставка на премиерот до Собранието.
Филипче упати голема благодареност до премиерот за поддршката која ја добивал од него.
-Успеавме за прв пат во историјата речиси двојно да ги покачиме платите на здравствените работници, да обезбедиме квалитетна терапија за лицата со ретки болести, да го прекинеме паралелниот увоз на лекови, да обезбедиме најквалитетни инсулини и да реновираме најголем број на здравствени установи споредено со било кој друг период во минатото. Заедно реализиравме уште низа други проекти од кои придобивки денес имаат нашите граѓани, но и здравствените работници. Му благодарам на соработката, посветеноста и пред се човечноста која ја покажа при определувањето на приоритетите во Владата, објави Филипче на социјалните мрежи.