Имаме сосема доволна количина на заштитна опрема за сите лекари и членови на избирачките одбори кои би требало да ги спроведат изборие и изработен соодветен протокол, рече министерот за здрвство Венко Филипче на ТВ 21.
-Комисијата за заразни болести изработи протоколи на барање на претседателот на дражавата кој по лидерските средби побара протокол како би се извеле изборите. Можам да кажам дека тој протокол е протокол кој што практично се базира на истите принципи за организација на било каков настан, без разлика дали е во надворешни или внатрешни услови кај што се запазуваат овие принципи на дезинфекција, маска и дистанца – посочи Филипче.
Тој посочи дека до пронаоѓање на вакцина сите избори ќе се спроведуваат со протокол.
-Пред нас е период во кој што ние мора да научиме да живееме со вирусот и протоколите важат еве сега и за рестораните кои што ги отворивме, важат и за сите организатори на различни семинари, автошколи кои почнаа со работа, спортски настани, тренизни базени, пред нас е период од многу повеќе од една година во кој што се што ке се спроведе ќе има одреден протокол – рече Филипче.
Тој истакнува дека направен е широк пристап на тестирање на, со што се детектираат и асимптоматски преносители.