Филипче: Искрено, се радувам за секој еден оздравен пациент!

by Fokus

Во текот на вчерашниот ден, во Северна Македонија имаше огромен број на оздравени од корона вирусот.

Таквиот податок го радува министерот Венко Филипче, кој додаде дека секој пациент е важен.

„Имаме рекорден број на оздравени лица, 230. Искрено се радувам за секој еден оздравен пациент. Имаме и рекорден број на направени тестови, благодарение на нашата стратегија за зголемување на капацитетите на тестирање. Да ги почитуваме мерките за заштита! Со почитување на мерките, сме чекор поблиску до побрзо и полесно справување со ковид-19 вирусот. Да им помогнеме на нашите здравствените работници, нашите херои во борбата со вирусот. Да се грижиме за сопственото здравје, здравјето на нашите најблиски и да дадеме личен придонес во заштита на колективното здравје. Секој од нас е важен“, порача Филипче.

Поврзани новости