Филипче: Интерните клиники се подготвени да примаат пациенти

by Фокус

Инфраструктурата и тимовите во одделенијата на Интерните клиники се целосно подготвени за прием на пациенти, вклучително и третиот кат од зградата кој е снабден дел со кислород, дел со концентратори, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

-Ние направивме резервен план и токму тој сега и се активира. Тоа се овие дополнителни капацитети на Интерните клиники и целосно спремните дополнителни капацитети во болницата „8 Сеептември“. Имаме план, се менаџира и со кадарот, и со останатите одделенија од каде што еден дел од програмот се намалува. Тоа е веќе во функција, а искрено се надевам дека и мерките ќе дадат резултат, согласно циклусот од три до четири недели од пренос на вирусот, детекција, евентуален развој на болеста кај носителите на вирусот – рече Филипче.

Во изминатиот период, рече тој, сериозно е зголемен бројот на тестови, особено брзи тестови.

Поврзани новости