735
Министерот за здравство Венко Филипче во вечерашното гостување на ТВ 24 рече дека од новите заболени има и по 10 лица од исто семејство, кои се заразиле на вечери и семејни настани.
-Имаме по десетина заболени од едно семејство, од семејни настани. Вечера, настан, собир кога некој кој не е свесен дека е носител и несвесен дека треба да се изолира, луѓето се групираат и болеста се шири. Во изминатиов период се докажа дека само строги рестриктивни мерки даваат резулати, за жал, вели Филипче.