Филипче: Има доволно респираторни машини

by fokus

Министерот за здравство Венко Филипче вечерва повтори дека здравствените установи имаат доволен број респираторни машини и тоа не е моментален проблем.

Тој информира дека само во Инфективната клиника има 8 респираторни машини, а вкупно во другите клиники има над 20.

– Респираторни машини има и тие не се проблем во моментов. Најважно е да се стави рампа на ширење на вирусот, затоа се и овие дополнителни мерки, рече Филипче,кој неодамна најави дека во тек е набавка на уште 50 респираторни машини.

Тој денеска информираше дека има нови шест заболени од корона вирус, со што бројката се искачи на 18 заболени.

За да се спречи понатамошното ширење, Владата донесе дополнителни мерки, како целосно затворање на кафулињата, рестораните, казината, обложувалниците, како и на повеќето гранични премини.

Поврзани новости