Филипче: Има 364 нови случаи на ковид, бројот на хоспитализирани е најголем од јуни наваму

by Фокус

Во текот на последните 24 часа регистрирани се 364 случаи на ковид-19, информираше министерот за здравство, Венко Филипче, додавајќи дека во моментов има и најголем број на хоспитализирани пациенти од јуни месец досега.

-Есента дојде, состојбата е сериозна, Европа и светот постепено се затвораат со силни рестриктивни мерки. Како ние ќе се движиме зависи од една работа, однесувањето на граѓаните и почитување на мерките и препораките – рече Филипле, посочувајќи дека здравствениот систем е подготвен.

Поврзани новости