Филипче и се заблагодари на Армијата: Даваат силна поддршка на здравствените работници

by fokus

Министерот за здравство, Венко Филипче вечерва преку Фејсбук им се заблагодари на сите припадници на Армијата, која помага во справување со пандемијата.

-Поддршката од Армијата и Министерството за одбрана е многу важна во битката со пандемијата. Благодарност до сите претставници на Армијата кои се силна поддршка на здравствените работници. Како никогаш порано мобилизирани се сите капацитети и ресурси во државата за да одговориме на предизивикот. Заедно ќе ја надминеме и оваа криза, порача Филипче.

Поврзани новости