Филипче и неговиот заменик немаат одговорност за пожарот во Тетово, смета Груби

by Fokus

Првиот вицепремиер и министер за политички систем, Артан Груби смета дека според извештајот на Обвинителството за причините за пожарот во модуларната болница во Тетово на 8 септември во кој загинаа 14 луѓе, очигледно е дека министерот и заменик-министерот за здравство немаат, како што рече, никаква одговорност за трагичниот настан, но дека, сепак, одлуката за нивните оставки останува да ја донесе премиерот кој ќе ја соопшти денеска.

-Го прочитав извештајот и очигледно станува збор за несреќен, трагичен случај и очигледно е дека истрагата го потврди тоа во што се сомневавме дека се работи за трагичен настан во кој, за жал, загинаа многу наши сограѓани. И согласно тоа, мислам дека и одлуките коишто ќе ги донесе премиерот се совпадливи со извештајот и со видувања на Обвинителството, изјави Груби за ТВ Телма.

Според него, оставките на двајцата директори на болницата се неотповикливи и тука, рече, нема што да се прифаќа, додека оставките на министерот и заменик-министерот беа доставени до Владата и за нив треба да биде донесена одлука, но дека од увидот на Обвинителството јасно е наведено во извештајот.

Поврзани новости