Нова седница на Анкетната комисија за скандалот со Онкологија. Денеска изјава треба да дадат поранешниот министер Венко Филипче и актуелниот Фатмир Меџити.
Вчера заврши разгледувањето на ревизорскиот извештај од страна на комисијата за финансирање и буџет, со повеќе заклучоци меѓу кои одговорните на клиниката за онкологија да ги спроведат препораките на државниот ревизор од извештајот за 2021 година, и да изготват медицински протоколи за приклучување на пациенти на биолошка терапија, да спроведат попис на сите средства согласно правилникот за сметководство на буџетите и буџетските корисници.
Државниот завод за ревизија во март годинава објави ревизорски извештај, а во него, меѓудругото, се наведува дека се набавувала биолошка терапија, а немало доволно пари за тоа, немало ниту медицински протоколи, односно упатства со кои ќе се воспостават правила и критериуми за приклучување на пациенти на биолошка терапија.