Филипче: Херои на пандемијата се жените

by fokus

Хероите, односно хероините на пандемијата се докторите од кои 50 проценти се жени и медицинските сестри од кои 95 проценти се жени, изјави потпретседателот на СДСМ и министер за здравство, Венко Филипче на трибината под мотото „Активни жени – Напредно општество“, во Дојран.

-Заедно со пратеничките го сменивме најсмешниот закон што постоеше во Европа, законот за прекин на бременоста, ја ставивме волјата на жената на прво место, отворивме центри за насилство врз жените, кои доаѓаа во ургентно и не сакаа да признаат дека се жртви на насилство, се додека не обезбедивме механизам за препознавање и соодветен третман, рече Филипче.

Тој упати апел до сите да се вакцинираат, бидејќи тоа е единствениот начин, со кој можеме да ставиме крај на пандемијата.

-Во нашето општество, во кое има многу делови и сегменти, само еден сегмент е идеален, а тоа се жените, затоа треба да се вклучени во сите процеси, во сите институции, во што поголем број, зашто веќе видовме, а вие докажавте, дека статусот на жените е всушност статусот на демократијата во нашата земја. Да работиме заедно и понатаму да ја унапредуваме, порача Филипче на трибината.

Поврзани новости