Филипче: Граѓаните мора да се совесни, не може државата да контролира се!

by fokus

Граѓаните мора повеќе да се совесни и да внимаваат на своето, но и на здравјето на другите околу нив, затоа што ние како надлежни не можеме буквално се да исконтролираме.

Ова денеска го порача министерот за здравство, Венко Филипче, додавајќи дека за нови мерки би се разговарало наредната седмица.

„Видовме дека рестрикциите за движење на населението немаа резултат. Ако има мерка која нас ќе ни помогне, ние ќе преземеме од соседните земји се што е потребно. Граѓаните мора да знаат дека многу придонесуваат со својата свест. Не може државата се да исконтролира“, порача Филипче.

Поврзани новости