684
Министерот за здравство, Венко Филипче посочи дека е задоволен што конечно ќе се промени сликата за здравствените институции во земјава, кои години наназад беа мета на критики поради лошите услови во истите.
„Горд сум што ја менуваме комплетно сликата за јавното здравство. Ги подобривме условите во 32 јавно-здравствени установи. Овозможивме поквалитетна здравствена услуга за пациентите, но и подобри услови за работа на здравствените работници. Со интензивна работа и многу труд продолжуваме и во следниот период да го зајакнуваме нашето здравство“, посочи Филипче.
Фото – Томислав Георгиев