565
Министерот за здравство, Венко Филипче денеска уште еднаш го осуди вчерашниот инцидент кој се случил во болницата „8 Септември“ во Скопје.
Тој побара трпение од луѓето за да добијат целосни информации за пациентите заболени од Ковид-19.
„Моите информации се дека имало недоразбирањето во почитувањето протоколи за починато лице. ГОБ „8 септември е една од најоптеретените болници во земјава. Апелирам до семејствата да имаат разбирање дека треба да се почека до некоја информација. Анализите покажуваат дека смртноста е прилично висока, а околу 30 случаи се регистрирани како позитивни на Ковид-19 после смртта. Сакам да ја уверам јавноста дека има слободни кревети, тука е и мобилната болница“, истакна Филипче.