Филипче го замоли Агатангел да го повлече повикот верниците масовно да одат во црква за задушница

by Fokus

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека повикот на епископот на Повардарската епархија Агатангел верниците масовно да дојдат во црквите за Задушница е спротивен на се она што го прават здравствените власти за спречување на ширењето на заразата на коронавирус.

Тој побара од епископот да го повлече повикот за да не дојде до загрозување на здравјето на граѓаните.

„Го повикувам епископот да го повлече повикот, тој е спротивен на сѐ она што го правиме и спротивно на уредбите на Владата. Ако тоа се случи, сериозно ќе го загрози здравјето на сите таму“, кажа Филипче на промоцијата на 20 респираторни машини од донација од Европската Унија.

Поврзани новости