Филипче го потпиша Договорот за набавка на вакцини против Ковид-19

by Fokus

Министерот за здравство Венко Филипче го потпиша Договорот за набавка на вакцини против Ковид-19 од кинескиот производител „Синофарм“.

Со Договорот, Република Македонија од кинеската компанија „Синофарм“ обезбедува 200 000 вакцини кои ќе пристигнат овој месец.

Точниот датум на пристигнување и сите информации поврзани со испораката се очекува да биде утврден во следните денови, соопшти Министерството за здравство.

Поврзани новости