632
Имаме претпоставки дека пикот на заразата со коронавирусот ќе се случи за еден месец, рече министерот за здравство Венко Филипче, на денешната прес-конференција.
– Се надевам дека ќе успееме да го намалиме бројот на пациенти. Пикот на заразата може да биде за еден месец – истакна Филипче.
Ако има потреба пензионирани лекари инфектолози, но и други обучени за работа со пациенти на интензивна нега ќе бидат повикани да помогнат во надминување на состојбите со коронавирусот, рече Филипче, на вечерашната прес конференција.
Како што кажа тој, надлежните веќе имаат составено и листи од медицински персонал, 200 лекари и 400 сестри кои се контактирани и би биле повикани ако моменталните тимови се соочат со неможност да ги опслужат сите пациенти.