Филипче го обвини Мицкоски за лицемерие, а тој му возврати:„Да одиме на избори, само да не се удавите“

by Fokus

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче на денешните пратенички прашања во Собранието го обвини премиерто Христијан Мицкоски за лицемерие и популизам. Тој го обвини Мицкоски дека се противел на Преспанскиот договор а сега кажувал дека тој е ремек дело.

„Рековте дека ќе го вратите мандатот ако некогаш кажете Северна. Епа ајде премиере еве сега шанса во Собранието да го вратите мандатот, рече Филипче.

Премиерот Христијан Мицкоски му одговори дека може сега да има избори, но да не се покајат за тоа.

„Ако сакате да одиме на избори, да се провериме. Заедно со локалните (избори), може да одиме. Ако сакате, одма сега да ја договориме работата. Но да не се удавите во длабокото, каде што ве носат“ одговори Мицкоски.

Тој му порача на Филипче дека никој нема да ги заборави изминатите седум години, но и дека нема да бидат како претходната власт.

„Бидете сигурен дека нема да бидеме како вас, нема да влегуваме со специјалци во два часот наутро и да апсиме… Ќе влеземе и ќе им ставиме лисици на тие што седум години ја ограбуваа државата и ќе одговараат. Нема потреба од маски. Казната ќе биде жестока. Измените на Кривичниот законик нема да ви помогнат. Верувајте стотици се – му порача премиерот Мицкоски на Филипче, одговарајќи на првите пратенички прашања во Собранието.

Поврзани новости