Филипче ги повика граѓаните да се приклучат на вибер-канал за Ковид 19

by Фокус

Министерот за здравство Венко Филипче ги повика сите граѓани да се приклучат на „Коронавирус МК Koronavirus“ Вибер заедницата.

„Добивајте точни, официјални и брзи информации поврзани со Ковид 19 на својот мобилен телефон. Ова е прв владин комуникациски канал на Вибер (Viber Community) отворен за целосно и навремено информирање на граѓаните за сите мерки за справување со коронавирусот“, напиша Филипче на фејсбук.

Линкот за вклучување е https://vb.me/mk_gov

Поврзани новости