За пет дена или од понеделникот (03.01.2022) заклучно со петок (08.01.2022) бројката на заболени се зголеми за повеќе од четири илјади лица. Или во понеделникот официјално имаше 4.817 болни, а заклучно со вчерашниот ден 9.166 болни од корона. И ова е само официјалната статистика на министерството за здравство, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
„На ваква ситуација, Филипче, кој е во заминување, не мрдна со прст. Пунктовите и за тестирање и за вакцинирање се затворени 4 дена! Но, зошто тој би се грижел дали граѓаните даваат пари за тестирање во приватни лаборатории?! На Филипче и Зоран Заев око не им трепна ниту две години за голготата која ја минуваа граѓаните, се грижеа само за тендерите“, велат од Белата палата.
Ситуацијата можела да се надмине само со избори, а по изборите „сите што ги заборавија граѓаните и се грижеа само за личните интереси, корупција и криминал ќе одговараат“.