Филипче е свесен дека проблемите во здравството не можат да се решат преку ноќ

by fokus

Миинистерот за здравство Венко Филипче, на денената прес-конференција рече дека недостигаат многу работи во здравствениот систем, заради тоа што не можат се веднаш да направат.

– Би рекол дека направивме еден сериозен чекор напред заради тоа што примивме сериозно голем број луѓе. Никогаш во здравствениот систем генерално на сите нивоа не се примени толу луѓе. Најмногу доктори и медицински сестри, а нешто помалку администрација. Има надополнување на опремата, рече Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата на Клиниката за детски болести.

Нагласи дека почнале таму каде било најкритично и каде биле најлоши резултатите, а тоа била Клиниката за гинекологија и на интензивната нега на Детската клиника…

– Со таа динамика продолжуваме и во 2019 година. Ја зајакнуваме инфраструктурата. Нема да може да ги решиме проблемите преку ноќ и свесни сме за тоа, меѓутоа јас сум убеден дека сме на вистинскиот пат. Обезбедуваме услови, инфраструктута, опрема и експертиза во рамки на тоа што овој систем сега го овозможува, додаде Филипче.

Поврзани новости