Министерот за здравство Венко Филипче реагира дека ВМРО-ДПМНЕ на најподмолен начин се обидува да собере политички поени од прерано згаснат човечки живот. Тој вели дека е лага тврдењето на опозициската партија дека директорот на штипската болница самиот на себе ќе си врши надзор за смртта на 41-годишната пациентка, која почина по компликации од Ковид-19.
-Во моментов течат законските рокови за случајот во пациентката од Штип. Директорот на болницата најдоцна до утре треба да испрати извештај до ДСЗИ, по што ќе се формира Комисија за вонреден стручен надзор.
Ова е независен надзор и апсолутно е неточно дека директорот на болницата самиот на себе ќе си врши надзор како што наведува ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата или не го познаваат системот на надзори или свесно манипулираат како што всушност се однесуваат цели осум месеци од почетокот на кризата. Барам итно извинување за ова грозно обвинување во спротивно ќе поднесам тужба за клевета, напиша минисетерот Филипче на фејсбук.