Нависина сум горд на здравствените работници, со оглед дека нашиот здравствен систем не бил подготвуван да одговори на ваков предизвик, рече министерот за здравство Венко Филипче во вечерашното гостување во емисијата „КликПлус“ на ТВ21.
-Секој ден е нова борба да истраеме, да успееме против пандемијата. Ниту една земја не беше подготвена за оваа болест. Мислам дека многу брзо и сосема навремено реагиравме со превентивните мерки. Учевме од искуствата од другите земји, слушавме што советува СЗО – рече Филипче.
Тој додава дека се предвидувало зголемен број на заразени.
-Ова беше нешто кое го предвидовме на почетокот на кризата затоа ја додадовме монтажната болница со што капацитетот е зголемен за 72 кревети освен 110-те на Инфективна. Заради семејни собири без маски и дистанца, непочитување на препораките, се случи и почеток на втор бран. Не се целосно исполнети капацитете – појасни Филипче.
Тој посочи дека дел од здравствените работници се веќе уморни.
-Бројот на инфектолози е мал, на клиниката има 26 доктори инфектолози. Но, сепак ваква ситуација на мобилизација и ротација на здравствените работници немало никогаш, каков што е случајот и во другите земји – рече Филипче.
Според него, вирусот нема да изчезне до откривањето на вакцината.