Филипче да одговара за скандалот „Нечиста крв“, бара ВМРО-ДПМНЕ

by Фокус

Доколку Македонија беше правна држава, уште вчера ќе беше приведен Венко Филипче за скандалот „нечиста крв“, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ.

-Додуша, Филипче беше дел и од скандалот со „крвавите тендери со реагенси“, фантомските набавки на вакцини и мал милион други коруптивни скандали, па гледаме дека надлежните не мрднуваат ни со прст“, се наведува во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Според опозициската партија, одговорноста на Филипче е тоа што не преземал никакви мерки да ги заштити граѓаните и нивното здравје од непроверени методи.

„Овде се работи за целосно затајување на системот. Филипче и институциите дозволиле да се применува метода на лечење која ниту домашните, ниту странски институции не ја признавале и дозволувале“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата посочуваат дека Јавното обвинителство треба да ја прошири истрагата и да утврди дали Филипче свесно го овозможувал ова?

Поврзани новости