Министерот за здравство,Венко Филипче, денеска уште една апелираше до граѓаните сериозно да ја сфатат состојбата со корона вирусот и да ги почитуват мерките.
„Состојбата е крајно сериозна, здравствениот систем е максимално мобилизиран да одговори на предизвикот. Да се заглагодарм на сите здравствени работници за надчовечките напори. Знам дека се преморени, но верувам дека ќе одговориме на овој огромен здравствен предизвик. Бараме поддршка од сите, од медиумите, од граѓаните. Колку и пати да е повторено, клучот во битката е доследно почитување на мерките“, рече Филипче.
Тој побара од граѓаните да не излегуваат од дома ако немаат потреба.
„Вирусот е широко распространет, и најмало невнимание може да значи инфекција. Имаме одлични мерки, и засега не се потребни дополнителни рестрикции. Апелирам да се почитуваат сега мерките, да не се излегува од дома ако се нема потреба, само до маркет, работа или училиште… Само солидарни можеме да се справивме со кризата“, истакна Филипче.