509
Министерот за здравство Венко Филипче, разговарал со претседателот на ДИК, Оливер Дерковски, кој укажал дека Протоколот од Комисијата за заразни болести и прашањата кои Комисијата ги одговорила се сосем доволни.
– Се разговараше за начинот на кој ќе се оди дома на оние во самоизолација или се лекуваат од Ковид-19 и тоа е договорено. Апсолутно нема потреба членовите на Избирачките одбори да одат седум дена во самоизолација по завршување на изборите – рече Филипче, одговарајќи на новинарско прашање.
Инаку, договорено е да се гласа три дена, првиот ден заболените од Ковид-19 и оние кои се во самоизолација, а треба да се пријават дека сакаат да гласаат седум дена пред изборите.
Вториот ден гласаат затворениците, болните и изнемоштените, а на 15 јули останатите.