626
Празниците носат радости, но и во тек на празнувањето да не заборавиме задолжително да ги почитуваме мерките за заштита, апелира министерот за здравство Венко Филипче, кој на својот профил на Фејсбук им го честиташе на муслиманските верници празникот Курбан Бајрам.
-Честит Курбан Бајрам на граѓаните од исламска вероисповед. Ви посакувам добро здравје, среќа, љубов, меѓусебна почит и разбирање. Празниците носат радости, но и во тек на празнувањето да не заборавиме задолжително да ги почитуваме мерките за заштита: заштитна маска, зачестена хигиена на рацете, одржување на физичка дистанца. Чувајте го вашето здравје и здравјето на вашите најблиски, напиша Филипче.