Министерот за здравство Венко Филипче по редовната утринска координација со директорите на клиниките на својот профил на Фејсбук соопшти дека бројот на хоспитализации во болниците, се намалува, а се зголемува бројот на исписи на пациенти.
„На редовната утринска координација со директорите на клиниките разговаравме за третманот на болните, моменталната состојба со капацитетите на ковид центрите и ротациите со персонал. Бројот на хоспитализации во болниците, се намалува, а се зголемува бројот на исписи на пациенти со ковид, се намалува и бројот на позитивни пациенти, што значи дека мерките даваат резултати. Без разлика што бројките паѓаат, периодов мора да бидеме исклучително претпазливи, поради непредвидливоста на вирусот“, информираше Филипче.