Министерот за здравство, Венко Филипче денеска на прес-конференција изјави дека денеска испишале историја, бидејќи за првпат во нашата земја беше направена трансплантација на срце од починат дарител.
-Трансплантацијата немаше да биде можна без еден друг чин на човекољубие на алтруизам поради тоа што семејството Диневи пред неколку дена ја загубија својата сакана мајка и сопруга и после дијагностицирањето на мозочната смрт, се согласија да ги донираат срцето и бубрезите на починатата, рече Филипче.
Сепак, додаде тој, борбата е на почетокот.
-Заврши еден од најтешките делови, се надеваме дека во процесот којшто следи организмот нема да го отфрли срцето и исто така и двата бубрези кај другите двајца реципиенти кои сега ќе живеат многу поквалитетен живот и нема да одат на дијализа, рече Филипче.