Филипче: Болницата во Гевгелија нема ниту еден вработен кој е заразен

by Frosina Fakova

Општата болница во Гевгелија која нема ниту еден вработен заразен со ковид-19 е одличен пример за успешно справување со корона вирусот, истакна министерот за здравство Венко Филипче на денешната средба со дел од персоналот на болницата.

-Персоналот и епидемиолозите од болницата одлично се справија со оваа криза преку заедничка работа и благовремено споделување на информации меѓу докторите од претклиничките и клиничките специјалности, навремено се пристапи во брза идентификација на заболените со ставање на нивните контакти во изолација и сега во последните неколку дена практично нема новозаразени од ковид-19 во Гевгелија, рече Филипче.

Тој ја пофали болницата дека е одлично подготвена и посочи дека Гевгелија е град во кој епидемиолозите имаат малку проблеми со давањето неточни информации од граѓани, за разлика од нивните колеги од другите градови.

Поврзани новости