Филипче: Бележиме највисок напредок во регионот по број на вакцинирани со барем една доза

by fokus

Бележиме највисок напредок во регионот по број на граѓани вакцинирани со барем една доза, објави министерот за здравство Венко Филипче.

-Во периодот од 5-ти јули до 24-ти август, бројот на барем една аплицирана доза на сто жители во земјата е зголемен за повеќе од 14 отсто, што е највисок напредок во споредба со земјите од регионот и јасно укажува на зголемениот интерес за имунизација кај населението.
Зад нас се Косово, Албанија и Грција. Помал раст во вакцинација од нас имаат Босна и Словенија, а најмал напредок во регионот имаaт Србија и Бугарија. Зголемувањето на бројот на имунизирани граѓани значи и поголема колективна заштита, намалување на можноста вирусот да мутира и да се шири. Вакцинацијата е заедничка одговорност, а постигнувањето колективен имунитет е единствен начин да се стави крај на пандемијата и да се сочува јавното здравје, објави Филипче.

Поврзани новости