Министерот за здравство, Венко Филипче во интервју за сајтот МКД вели дека тие се спремаат за полошо сценарио со корона вирусот наесен, но се надева дека до тоа нема да дојде. Вели дека во региони каде би имало потенцијален ризик од многу заразени, може да се врати и полицискиот час и други рестриктивни мерки.
-Полошо сценарио значи поголем број пациенти и од сезонски грип, кои ги окупираат истите одделенија на кои сега лежат пациенти со ковид. И во таа смисла е надградувањето со 16 одделенија. Точно предвидување никој не може да каже, ниту една од земјите и во регионот и во Европа немала есен со пандемијата. Се спремаме за лоши сценарија со многу пациенти, но се надевам дека луѓето ќе бидат свесни и дека ќе се придржуваат до превентивните мерки, па нема да имаме такво сценарио. Имаме план за дополнителни рестрикции согласно некои со мерки, ќе го промовираме наскоро. Тоа значи дополнителни рестрикции во региони каде што има појава на поголем број пациенти или е потенцијален ризик. Апсолутно може да се врати и полицискиот час, да. Затворање на училиштата, затворање на угостителските објекти, забрана за собири и слично. Но за планот на рестрикции битен е и регионалниот пристап, вели Филипче.