Филипче: Анкетите покажуваат пад на ВМРО и раст на СДСМ

by irena 13:42
13:42

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање нагласи дека граѓаните веќе ги препознаваат и се разочарани од политиките на власта, за што показател се и последните анкети кои покажуваат сериозен пад на ВМРО, а притоа раст на поддршката за СДСМ.

„Јас нема да дозволам луѓе да ја делат СДСМ, затоа што имаме работа со криминална и корумпирана власт којашто ништо не може да направи да го спречи падот на анкетите кој што е евидентен. Ваков пад на ВМРО-ДПМНЕ до сега немало, а ние имаме раст. И затоа единствено нешто што може да прават е да ја делат партијата внатре, за да владеат така како што сакаат да владеат“, рече Филипче.

Тој додаде дека граѓаните повеќе нема да бидат изманипулирани од националистичките и коруптивни наративи на ВМРО.

„Јас сум сигурен во една работа, дека на следен циклус на избори ако нешто ВМРО-ДПМНЕ нема да може да направи тоа е да повторно ги излаже граѓаните и да ги продадат повторно суровиот национализам и криминални корупциски тенденции во некаква скриена форма, како некоја форма на патриотизам. Тоа веќе не поминува, јасно им е на граѓаните што прават“ – порача Филипче.

Слични вести